(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Денеска во Кочани се одигра пријателски натпревар помеѓу Осогово и Вардар, кој имаше хуманитарен карактер и беше посветен на сеќавањето на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“.
Целокупниот приход од продажбата на влезниците ќе биде искористен за хуманитарни цели, а дополнителна поддршка обезбеди и специјална акција. На аукција беше понуден дресот на првотимецот на Осогово, Велинов, кој беше откупен за 23.000 денари. Купувачи беа навивачката група „Комити“, кои подоцна го подариле дресот на еден од локалните фанови.
Вардар славеше со 4-1, но резултатот остана во втор план. Особени емоции на стадионот имаше во 63. минута, кога натпреварот беше прекинат за да се оддаде почит на 63-те жртви од пожарот.

