Македонскиот репрезентативен напаѓач и член на швајцарскиот тим Тун, Елмин Растодер, игра во најдобра форма од сите наши интернационалци и го води својот тим кон историска прва титула.
Тун води со 0:2 на гостувањето кај Сервете а водечкиот погодок на натпреварот го постигна токму Елмин Растодер во 40 минута.
Ова е осми гол во сезоната за Растодер а има и 4 асистенции.
Тун е лидер во првенството на Швајцарија и оди кон историска прва титула!

