МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Македонската ракометна решрезентација бележи солиден напредок на најновата ЕХФ ранг листа. Националниот тим, по последното Европско првенство, се искачи за четири позиции и сега се наоѓа на 15. место во ранкингот на ЕХФ со 31,25 бодови.
Системот на пресметка на Европската ракометна федерација ја зема во предвид активноста на тимовите во последните четири години, при што резултатите од последните две се целосно вреднувани, додека претходните две години се сметаат со половина тежина.
Најсилните репрезентации остануваат Данска, Франција и Германија, кои предводат со значителна предност. Во топ 10 се и Хрватска, Португалија, Шведска, Исланд, Унгарија, Норвешка и Словенија. Пред Македонија се уште Шпанија, Холандија, Швајцарија и Австрија, додека веднаш зад неа се Србија, Фарските Острови, Чешка, Полска и Италија.
Овој резултат ја потврдува стабилноста на македонската репрезентација и укажува на позитивните трендови што можат да водат кон нови успеси на меѓународната сцена.

