Vinkmag ad

ПЕЛИСТЕР СО ПРЕСВРТ СЛАВИ ПОБЕДА ПРОТИВ АЛКАЛОИД

Големо возбудување приреди дерби натпреварот во ракометната суперлига, Алкалоид и Пелистер. Во натпревар во кој видовме повеќе пресврти подобро се снајдоа гостите од Битолаи на крај славеа со 33:35.

Тимот на Алкалоид ја презеде контролата кон средината на првиот дел и имаше целосна контрола до паузата каде замина со +6, 23-17. ОДличната игра на избраниците на Лазаров продолжи и на почетокот на вториот дел кога дојдоа и до +8, но потоа како да застанаа и инцијативата му ја препуштија на Пелистер.

Гостите постепено се враќаа а во 50 минута направија и целосен пресврт и поведоа прв пат, по пауза од 35 минути. Алкалоид имаше одлична можност во финишот повторно да се врати и да дојде барем до бод, но клучен момент е одбраната на Митревски против Костески при резултат 33:34 на една миннута до крајот. Во продолжението, Атанасијевиќ погоди за конечни 33:35.

Најефискасен во победничкиот табор беше Манасков со 7 а го следеше Кузмановски со 6. Кај Алкалоид одличен натпревар одиграа браќата Митеви, Дамјан имаше 7 додека Марко пет погодоци.

Дамка на целиот натпревар е повредата на МАрко Митев во последниот напад, па останува да се надеваме дека не е ништо сериозно.

Читај Претходна

(ВИДЕО) ФЕРМИН ДОЖИВЕА НОКАУТ, ДОБИ НЕКОЛКУ КОНЦИ И ПРОДОЛЖИ ДА ИГРА

Читај Следна

(ВИДЕО) ПОВТОРНО КРВ ВО МАДРИД – РУЏЕРИ ДОБИ УДАР ВО ГЛАВА ОД ГАВИ