МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Ракометниот суд на Европската ракометна федерација донесе нова одлука поврзана со случајот на македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
ЕХФ утврди вина кај македонските судии поврзано со нивното повлекување од Европското првенство 2026 заради лажни видео снимки за физичката подготвеност.Најнoвите испитувања ги потврдија обвинувањата и на македонските судии им е изречена казна.
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се суспендирани две години од вршење на каква било функција во ЕХФ и учество во било која активност на ЕХФ.
Покрај суспензијата двајцата судии ќе треба да платат по 5.000 евра поради нарушување на кодексот на однесување.
Начевски и Николов имаат законско право во наредните 10 дена да поднесат жалба по оваа одлука

