Vinkmag ad

ТАЖНА ВЕСТ: ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЗАГИНА ПОРАНЕШНИОТ ГОЛМАН АЛЕКС МАНИНГЕР

Австрискиот чувар на мрежата и оранешен голман на Арсенал, Јувентус, Ливерпул и уште неколку други тимови,  Александар Манингер, трагично го загуби животот на 48-годишна возраст во сообраќајна несреќа.

Според информациите на Австриските медиуми, Манингер загинал при судир со Воз. И покрај интервенцијата на брзата помош, повредите биле фатални.

Сите поранешни тимови каде бранеше Манингер со тага изразија сочувство а емотивна порака напиша Џиџи Буфон:

Драг Алекс,

секој збор е излишен. Секоја солза би била само уште една во тагата по загубата на пријател и човек кого отсекогаш сум го ценел.

Одбра да останеш независен од навиките и притисоците на фудбалскиот свет, трагајќи по сопствената среќа во едноставните нешта: мирен живот во природа, риболов, шумите, семејството. Тоа беше твоето животно уверување.

Во свет кој често се поклонува и се прилагодува, во трка по надмоќ, кариера и лесна заработка, ти секогаш ја бранеше својата слобода, останувајќи исправен, со достоинството на човек што знае што сака. Имаше сила да се оддалечиш од сето тоа и да нè гледаш со твојата тивка, иронична насмевка, како да ни порачуваш: „сите сте луди – мене никогаш нема да ме имате.“

Се надевам, всушност сум уверен, дека одозгора ќе продолжиш да ги водиш твоите прекрасни деца и твојата млада сопруга.

Почивај во мир.

Џиџи

 

Читај Претходна

ОМЕРАГИЌ: ПОСЕТАТА НА ЧЕФЕРИН Е ПОТВРДА ЗА ОДЛИЧНАТА СОРАБОТКА И ПРИЈАТЕЛСТВО НО И ПОТТИК ДА ПРОДОЛЖИМЕ СО РЕФОРМИТЕ

Читај Следна

МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА