МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Германскиот аматерски фудбалски судија Паскал Кајзер, кој привлече големо внимание од јавноста претходниот викенд кога му предложи брак на неговиот геј партнер Мориц за време на натпреварот од Бундеслигата помеѓу Келн и Волфсбург на стадионот „РајнЕнерги“, беше физички нападнат пред сопствениот дом.
Кајзер јавно му постави прашање на својот партнер пред речиси 50.000 гледачи, што брзо стана тема во германските медиуми и на социјалните мрежи. Но, само една недела подоцна, тој имаше непријатно и насилно искуство. Според него, претходно добивал закани, меѓу кои и неговата домашна адреса. Сè пријавил во полиција, која, според него, проценила дека нема непосредна опасност.
Бел нападнат од тројца мажи
Околу дваесет минути по тој одговор, додека пушел цигара во дворот, бил нападнат од тројца мажи. Кајзер тврди дека биле исклучително агресивни и верува дека нападот е директно поврзан со неговото јавно запросување.
Тој верува дека бил цел токму затоа што неговата врска станала јавна, а случајот оттогаш предизвика осуда низ цела Германија. Да потсетиме дека Кајзер јавно се прогласи за бисексуалец во 2021 година и е еден од ретките отворено ЛГБТК+ судии во професионалниот фудбал, заедно со Британците Рајан Аткин и Џејмс Адкок.

