МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Македонската ракометна репрезентација пред баражот за Светско кој е предвиден во мај, во ЕХФ неделата во март, ќе одигра пријателски натпревар против Австрија.
Дуелот ќе се одигра на 21 март во Брегенц, во арената „Риден Ворклостер“, со почеток од 18:00 часот, а овој натпревар ќе биде можност за проверка на формата, тактичките замисли и ростерот пред официјалниот бараж за СП.
Македонија во мај ќе настапи во баражот за пласман на СП 2027, каде за ривал ќе го има победникот од двомечот меѓу Украина и Словачка, па контролата против Австрија доаѓа во вистинско време за темпирање на формата.

