Vinkmag ad

ЕМОТИВНА ОБЈАВА НА ВОН: ВО ЖИВОТОТ ВАЖНО Е ДА ГИ СЛЕДИШ СВОИТЕ СОНИШТА И ДА СЕ ОБИДЕШ ИАКО НЕКОГАШ НЕМА ДА УСПЕЕМЕ

Една од најдобрите и најпопуларни дами во светот на спортот, Линдзи Вон сите ги потресе со стравичниот пад на трката во спуст на Олимписките игри која требаше да биде нејзин последен танц на патеките каде оствари толку многу успеси. За жал крајот беше пад, скршеница и пренос во болницата во Милано каде веќе беше оперирана, а ќе следуваат уште интервенции за да се санираат тешките повреди. Два дена по тој пад, Линдзи Вон напиша емотивна објава на социјалните мрежи каде вели: Не жалам што се обидов. Во животот е важно да имаш соништа, да се обидеш да ги оствариш, можеби не секогаш ќе успееме но знаеме дека сме пробале. Јас уживав во своите соништата.

„Вчера мојот олимписки сон не заврши онака како што сонував. Тоа не беше крај како во приказна или бајка – тоа беше едноставно животот. Се осмелив да сонувам и напорно работев за да го остварам тоа. Затоа што во алпското скијање, во спустот, разликата меѓу стратешка линија и катастрофална повреда може да биде само околу пет инчи. Бев едноставно пет инчи премногу блиску до линијата, кога со десната рака закачив за вратата, што ме сврте и резултираше со пад. Моите предни вкрстени лигаменти и претходната повреда немаа апсолутно никаква врска со падот.

За жал, се здобив со сложена скршеница која во моментов е стабилна, но ќе бидат потребни повеќе операции за правилно да заздрави.

Иако вчера не заврши онака како што се надева и покрај интензивната физичка болка што ја предизвика, немам за што да жалам. Да се стои на стартната линија вчера беше неверојатно чувство кое никогаш нема да го заборавам. Самото тоа дека стоев таму со можност да победам беше победа сама по себе. Исто така знаев дека натпреварувањето носи ризик. Ова секогаш било и секогаш ќе биде исклучително опасен спорт.

И слично како во скијањето и во животот преземаме ризици. Сонуваме. Сакаме. Скокаме. И понекогаш паѓаме. Понекогаш срцата ни се скршени. Понекогаш не ги остваруваме соништата за кои знаеме дека можевме. Но, токму во тоа е и убавината на животот – можеме да се обидеме.

Се обидов. Сонував. Скокнав.

Се надевам дека ако извлечете нешто од моето патување, тоа ќе биде храброста да се обидете да направите големи чекори. Животот е прекраток за да не си дадете шанса. Затоа што единствениот вистински неуспех во животот е да не се обидете.

Верувам во вас, исто како што и вие верувавте во мене“

Читај Претходна

СИЛНА ПРИЈАТЕЛСКА, ПРЕД БАРАЖОТ ЗА СП

Читај Следна

СТАРТУВА ФУДБАЛСКАТА ПРОЛЕТ ВО МАКЕДОНИЈА