(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Голема победа на Вардар од 5-1 против Арсими на стартот од пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Прв во листата на стрелците се запиша новајлијата Стефан Цветковиќ уште во петтата минута од натпреварот, а вториот и третиот гол го постигнаа исто така новите засилувања, Бобан Николов и Дарко Велковски. На паузата Вардар замина со предност од 4-0, со голот на Босанчиќ.
Во второто полувреме Вардар постигна уште еден гол, Азер Омерагиќ биеше одлично со глава, на асистенција на Димитар Данев. Арсими на крајот на натпреварит постигна почесен погодок за 5-1.
Вардар ја зголеми предноста во однос на второпласираната Струга на 4 бодови, а има +6 во однос на Шкендија. Во наредното коло „црвено-црните“ гостуваат кај Работнички (15 февруари).

