Vinkmag ad

КУМАНОВЦИ, СЕКОЈА ЧЕСТ

Во време кога македонската кошарка е отпишана, кога многумина ја прогласија за „клинички мртва“, Куманово покажа дека таа сè уште има пасија, има страст – и има вистинска публика!

Јасно е каква е реалноста на мак-баскетот. Нема квалитет како некогаш, трибините со години се празни, нема континуитет на млади таленти, нема репрезентативни успеси, нема клубови што настапуваат во Европа или во регионалната АБА 1 лига.

Но, ако некој покажа дека кошарката кај нас може да оживее – тоа се дефинитивно Кумановци. Спектакуларната атмосфера во финалето, но и во четвртфиналето и полуфиналето, беше доказ дека страста не исчезнала.

Салата крцаше до последното место. Атмосферата беше неверојатна. Живееше духот на македонската кошарка – и покажа дека таа можеби не е мртва, туку само чека нов почеток.

Нека Купот во Куманово биде мотив за сите кошаркарски работници конечно да започнат со вистинско подигнување на кошарката во Македонија. Нека биде мотив и за луѓето во Куманово да изградат уште посилен и поамбициозен клуб – затоа што оваа публика заслужува многу повеќе.

Читај Претходна

ФАНТАСТИЧНИОТ НАСТАП НА ЈАКИМОВСКИ, НЕДОВОЛЕН ЗА ТРЕНТО ДА ПОБЕДИ

Читај Следна

(ВИДЕО) ШОШКИЌ ГИ ПРАТИ ПО БУРЕК ПРОТИВНИЦИТЕ – СТОНИ БРУК ВО БОРБА ЗА ПЛЕЈ ОФ