(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
ФК Победа е гордост на градот Прилеп, спортски колектив со кој секој прилепчаец се поистоветува. Не постои личност во Прилеп кој во одреден период од животот не бил поврзан со Победа, играчки, навивачки, управувачки, па оттаму и големиот револт за новонастанатите проблеми е разбирлив. Но последната најава од Прилеп, се граничи со љубовта и лудоста, или впрочем е најдобар показател дека љубовта кон клубот не познава граници.
Победа е под знак прашалник дали воопшто ќе опстои и продолжи со натпреварите во Втората Лига, а доколку се случи најцрното сценарио, прилепчанецот Кире Иваноски – Балче, најави ни повеќе ни помалку – самозапалување!
Излегувам од болница Отешево и доаѓам в сабота на натпреварот Победа – Новаци. Во спротивно земам збогум со моите прилепски фудбалџии и се самозапалувам на центарот на фудбалскиот храм, Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп! Нема сила што може да ме спречи! Амин!!! Збогум! Се за Победа! Победа вечна, народе мој! Животот мој зависи од Победа Прилеп и од вас, фудбалџии мои драги и мили! Амин! – напиша Кире Иваноски на Фејсбук.
Кире Иваноски – Балче беше еден од оние кои секојдневно протестираа и бараа решение за Победа Прилеп.

