МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
По повод 1 март – Денот на нулта дискриминација, Фудбалска федерација на Македонија објави видео со моќна порака за рамноправност, меѓусебна почит и прифаќање на сите разлики, како во спортот, така и во секојдневниот живот.
Во видеото се појавуваат повеќе македонски репрезентативци кои нагласуваат дека фудбалот им припаѓа на сите и дека во еден тим има место за секој поединец, без оглед на неговата припадност или различност.
Од Федерацијата потенцираат дека целта на оваа иницијатива е да се испрати јасна порака дека спортските терени треба да бидат симбол на фер-плеј, солидарност и еднакви можности за сите, каде нема простор за било каква форма на дискриминација. Преку заеднички настап, фудбалерите порачаа дека токму различностите се она што ги зближува луѓето и ја прави заедницата посилна.
„Различностите нè прават посилни. Нулта дискриминација. Секој ден, на и надвор од теренот“, напиша претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ

