(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Младиот ракометар Бобан Поповски имаше неверојатна партија во младинската лига, постигнувајќи дури 37 голови на натпреварот меѓу Мулти Есенс и Вардар Неготино.
Мулти Есенс целосно доминираше во натпреварот и на крајот славеше со огромни 86-14. Овој резултат претставува еден од најубедливите победи во историјата во младинските натпреварувања, а и воошто во ракометот кај нас.
Поповски настапува на крилната позиција и важи за еден од најталентираните млади ракометари во својата генерација. Неговиот настап на овој меч само дополнително го потврди неговиот потенцијал, а веќе е договорено следната сезона да го засили редовите на Вардар.
Разликата во квалитетот беше очигледна уште од самиот почеток. Мулти Есенс уште во првото полувреме создаде огромна предност од 42-8, по што продолжи со исто темпо и во вториот дел. До крајот, скопскиот состав само ја зголемуваше разликата и стигна до резултат кој сигурно долго ќе се споменува.

