МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Македонската таеквондо федерација (МТФ) му додели највисоко признание на Ацо Јосифовски за животно дело, за неговиот значаен придонес во развојот на олимпиското таеквондо во Македонија.
Признанието му го додели претседателот на МТФ, д-р Борче Костовски, во знак на благодарност за долгогодишната посветеност, упорноста и вложениот труд, како и за севкупниот придонес што го дал во развојот на спортот.
Ацо Јосифовски е тренер во ТК Хваранг Фист-Охрид и е еден од основачите на таеквондо спортот во земјава. Преку неговата работа, тој воспитa многу генерации спортисти од Охрид, а од неговиот клуб изникна и таеквондо клубот „Сила“, кој го води неговиот син Филип во општина Ѓорче Петров.
Тој е пример за голем професионалец,кој со својата посветеност и љубов кон спортот остава неизбришлив белег во македонското таеквондо.

