Vinkmag ad

ВАРДАР ПРОТИВ ШКЕНДИЈА ВО ДИРЕКТНА БИТКА ЗА ТИТУЛАТА

Во рамките на 21. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) нè очекува дуел меѓу двата најдобри тима во домашното првенство – Вардар и Шкендија.

Вардар во моментов прв на првенствената табела со 52 бодови, 4 бодови повеќе од второпласираната Шкендија. Денешниот дуел на стадионот „Петар Милошевски“ може да даде одговори на многу прашања, поврзани со битката за титулата.

Првото сезонско соочување на овие две екипи го доби Вардар со победа од 1-0 во Тетово, па избраниците на Јетон Беќири ќе сакаат одмазда денеска во Скопје.

Натпреварот започнува во 14 часот со директен пренос на МРТ 3, а правдата ќе ја дели Бафто Фармир, помошници ќе му бидат Ѓорѓиевски Мишо и Балевски Горан.

Читај Претходна

ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО МАНАСКОВ ГО ШОКИРАШЕ ПСЖ (ВИДЕО)

Читај Следна

НЕВЕРОЈАТНО: ИГРАЧ НА МУЛТИ ЕСЕНС ПОСТИГНА 37 ГОЛА