(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Вардар славеше на незгодното гостувањето во Кратово кај Силекс со минимални 0-1. Србинот Цветковиќ го скрши отпорот на домаќинот, кој речиси цел натпревар играше со играч помалце, откако Дарко Додев во 26 минута доби втор жолт картон.
Брера и откина победа на Шкендија во последните секунди од натпреварот. Имран Фетаи доби директен црвен картон во 16 минута, Ендрит Красниќи погоди за тетовчани во 33 минута, Брера се обидуваше и успеа да израмни во последните секунди од натпреварот.
Со утрешниот меч помеѓу Работнички и Арсими ќе заврши вториот круг на натпревари, а од следното коло стартува последниот – трет круг.
Тоа што е познато, ВАРДАР и ШКЕНДИЈА ќе се соочат во последното 33.коло, а акуелниот лидер ќе ја има предноста на домашниот терен.

