Vinkmag ad

🇨🇦🇲🇰 МАКЕДОНСКИ ТАЛЕНТ ОД КАНАДА СО ГОЛЕМА ИДНИНА – ТЕО МАРТИНОСКИ ЧУКА НА ВРАТАТА НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Од Торонто, Канада, пристигнува уште една силна и инспиративна приказна за млад македонски фудбалер кој чекори кон големата сцена и сонува еден ден да го облече националниот дрес.

Станува збор за 16-годишниот Тео Мартиноски (2010), талент кој своите први фудбалски чекори ги направил во Охрид, во школата Фер Плеј, каде уште од најрана возраст го покажал својот потенцијал.

По преселбата во Канада пред три години, Тео станува дел од академијата „Stella Rossa“ во Торонто – клуб кој функционира под капата на белградска Црвена Звезда.

Со висина од 175 сантиметри и одлична физичка подготвеност, Тео се истакнува како модерен офанзивец. Негова примарна позиција е десно крило, но подеднакво успешно може да настапува и како напаѓач или лево крило, благодарение на способноста да игра со двете нозе, да дрибла сигурно и да реализира во клучни моменти.

Од самиот почеток во Канада е стандарден член на првиот тим, а настапува во силната Канада А лига и Онтарио Купот, каде редовно запишува голови и асистенции.

Еден од највпечатливите моменти во неговата кариера е голот директно од корнер, кој беше прогласен за „гол на сезоната“ – потврда за неговиот талент и креативност на теренот.

Тео веќе има и меѓународно искуство зад себе. Во 2024 година настапуваше на кампови на Бенфика и Спортинг Лисабон во Португалија, каде остави одличен впечаток.

Во 2025 година беше дел од камповите на Атлетико Мадрид и Барселона, а оваа година продолжува со развојот преку кампот на Црвена Звезда во Белград.

Покрај клупските настапи, Тео доминира и во училишната лига, каде за сезоната 2024/2025 е прогласен за МВП играч – уште едно признание за неговиот континуиран напредок.

Она што ја прави оваа приказна посебна е желбата на Тео да ја претставува Македонија. Иако семејството веќе се обидело да стапи во контакт за пробни тренинзи со репрезентацијата, таа шанса сè уште ја чека.

Тео Мартиноски е уште еден доказ дека македонскиот фудбал има таленти ширум светот – потребно е само да бидат препознаени и добијат вистинска можност. 🇲🇰

 

Читај Претходна

МАКЕДОНСКИОТ ВУНДЕРКИД, ДАРИЈАН ГАЛЕВСКИ БЛЕСКА ВО ХРВАТСКАТА АКАДЕМИЈА НА БАРСЕЛОНА – ВЕЧЕРВА ИГРААТ ЗА ТРОФЕЈ НА BARCELONA ACADEMY WORLD CUP 2026

Читај Следна

(ВИДЕО) МИОГОЛ ВО ОДЛИЧНА ФОРМА ПРЕД ПЛЕЈ ОФОТ – ДВА ГОЛА ЗА ГОЛЕМА ПОБЕДА НА РЕНЏЕРС