Vinkmag ad

ЛОШИ ВЕСТИ ОД ЕХФ – СУСПЕНЗИЈА ЗА НАЧЕВСКИ И НИКОЛОВ

Ракометниот суд на Европската ракометна федерација донесе нова одлука поврзана со случајот на македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

ЕХФ утврди вина кај македонските судии поврзано со нивното повлекување од  Европското првенство 2026 заради лажни видео снимки за физичката подготвеност.Најнoвите испитувања ги потврдија обвинувањата  и на македонските судии им е изречена казна.

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се суспендирани две години од вршење на каква било функција во ЕХФ и учество во било која активност на ЕХФ.

Покрај суспензијата двајцата судии ќе треба да платат по 5.000 евра поради нарушување на кодексот на однесување.

Начевски и Николов имаат законско право во наредните 10 дена да поднесат жалба по оваа одлука

Читај Претходна

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА НОВ КОШАРКАР ВО КОЛЕЏ ЛИГАТА – ЈАНИЧИЌ ЌЕ ИГРА ЗА УТ МАРТИН

Читај Следна

УНГАРИЈА УБЕДЛИВА ВО БИТОЛА ПРОТИВ МАКЕДОНСКИТЕ ДЕВОЈКИ