Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ја декласираше Грузија (43-15) и обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското училишно ракометно првенство.
Ракометарките предводени од Даниела Новевска одиграа фуриозен натпревар и го диктираа резултатот и темпото на игра од првата до последната минута.
Утре, нашата репрезентација ќе одигра меч против Словачка, а победникот ќе го освои првото место во групата.

