(ВИДЕО) СЕРАФИМОВ СО ЛЕВСКИ ШАМПИОН НА БУГАРИЈА – НАВИВАЧИТЕ ПРИРЕДИЈА ШОУ
ГРК ОХРИД синоќа во Билјанини Извори испиша ракометна историја, се пласираше во финалето на Европскиот Куп. Охриѓани за прв пат во својата спортска историја ќе имаат можност да се борат за Европски трофеј, а победата е уше послатка затоа што дојде во инфаркт завршница. Охриѓани прво погодија за +2 на 15 секунди до крајот, но потоа Целје пред истекот на регуларните 60 намали на -1 и натпреварот отиде на пенали.
По четвртата серија резултатот беше 3:3, а на линијата застана Дарко Ѓукиќ, кој претходно беше провоциран од играчите на Целје. Ѓуикиќ беше мирен реализатор и веднаш по погодокот се сврте кон играчите на Целје покажувајќи дека нема да им помине. Во последниот петти пенал, играчот на Целје го промаши цел гол, по што започна славјето.
Салата буквално се тресеше. Уживање

