Vinkmag ad

ЕЛЕНА МИЦКОВСКA ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СВЕТСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА УЧИЛИШЕН СПОРТ

Уште едно големо признание за македонскиот спорт и потврда дека Македонија има свое место во светските спортски структури. 🇲🇰
Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, е избрана за член на Управниот Одбор на Светската федерација на училишен спорт (ISF), највисокото управувачко тело на оваа организација.
На првиот состанок на новиот Извршен одбор на ISF, кој се одржа во Белград, беше формирана управувачката структура за новиот четиригодишен мандат, од 2026 до 2030 година. Токму на овој состанок беше донесена одлуката Мицковска, заедно со Олабиси Џозеф од Нигерија, да бидат претставници на Извршниот одбор во Управниот Одбор на ISF, највисокото управувачко тело.
Овој избор има огромно значење за Македонија, бидејќи за првпат нашата земја добива свој претставник во највисоките структури на Светската федерација на училишен спорт. Тоа е признание за досегашната работа и развојот на училишниот спорт кај нас, но и голема можност Македонија активно да учествува во креирањето на идните политики и проекти за младите спортисти на глобално ниво.
Со формирањето на Управниот Одбор, ISF ја заокружи клучната фаза од воспоставувањето на раководната структура за новиот мандат.
Новиот Управен одбор на ISF го сочинуваат:
• Претседател: Жељко Танасковиќ
• Потпретседатели: Антонио Хора Фило, Јусеф Белкасми и Лианшуаи Тенг
• Претставници на Извршниот одбор: Елена Мицковска и Олабиси Џозеф
• Генерален секретар: Хаснаех Ел Ајуби
Изборот на Елена Мицковска е уште една потврда дека македонскиот спорт, преку посветена работа и вистински проекти, може да добие значајна улога и влијание и надвор од границите на нашата земја

Читај Претходна

(ФОТО) ЧЕСТИТКА ЗА ПАНДЕВ И ОД ЛАЦИО

Читај Следна

ДЕНОТ КОГА СЛАВЕШЕ ЦЕЛА НАЦИЈА – 5 ГОДИНИ ОД СРЕБРЕНИОТ МЕДАЛ НА ОМПИЛИСКИТЕ ИГРИ НА ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ