Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов во следната сезона ќе има нов тим. Чурлинов се враќа во полскиот шампионат и официјално е нов играч на Шчечин.
Клубот од Полска објави дека е потпишан двегодишен договор, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона.
За Чурлинов полската Екстраклас е добро позната и веќе со успех настапуваше таму, во сезоната 2024/25 кога го носеше дресот на Јагјелонија

