(ВИДЕО) РАСТОДЕР СЕ ПРЕТСТАВИ ВО ГРЦИЈА – ПОСТИГНА ГОЛ ВО ДРЕСОТ НА ПАНАТИНАИКОС
Македонскиот фудбалер Стефан Ашковски и официјално има нов предизвик во својата богата интернационална кариера. Искусниот 34-годишен левокрилен фудбалер потпиша договор со индонезискиот ПСС Слеман, каде ќе ја продолжи кариерата како слободен агент.
Во новиот клуб пристигнува по разделбата со иранскиот Мес Рафсанјан, а ПСС Слеман ќе биде уште една станица во неговата импресивна интернационална биографија.
Во текот на кариерата Ашковски настапуваше во повеќе европски шампионати, оставајќи трага во клубови од Србија, Кипар, Турција, Ерменија, Грција, Романија, Бугарија, Холандија, Полска и Норвешка. На домашната сцена ги бранеше боите на Вардар и Шкендија, а зад себе има и настапи за македонската репрезентација.
Со трансферот во Индонезија, Ашковски отвора ново поглавје и ќе се обиде со своето искуство да му помогне на ПСС Слеман во претстојната сезона.

