Vinkmag ad

(ВИДЕО) БАРДИ ВЛЕЗЕ ВО ИГРА И ЗА ДВЕ МИНУТИ ДОБИ ЦРВЕН

Капитенот на Македонската репрезентација, Енис Барди исклучително лошо ја започна новата сезона во Турција. На првите два натпревари одигра вкупно 33 минути, а денес направи глупост и доби црвен картон само 2 минути откако влезе во игра.

Барди влезе во второто полувреме а веќе во 48 минута мораше на предвремено туширање откако беше невнимателен и нагазна на противникот.

Барди ја водеше топката, загуби контрола на момент и со отворен ѓон згазна на противничката нога што беше доволно за црвен картон.

Да се надеваме дека капитенот ќе ја надмине оваа криза и набрзо ќе фати натпреварувачки ритам.

Читај Претходна

(ВИДЕО) СРДЕЧНА СРЕДБА НА ЈОКИЌ И СИНОТ НА ЕДИН АВДИЌ

Читај Следна

АВСТРИЈА-МАКЕДОНИЈА, ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП (ЛИНК ЗА СЛЕДЕЊЕ ВО ЖИВО)