(ФОТО) ГАШТАРОВ СО ЕДНО ,,STORY” НА ИНСТАГРАМ ГИ РАЗРЕШИ ДИЛЕМИТЕ
Македонската кошаркарска репрезентација со голема победа ги започна претквалификациите за Евробаскетот 2029 година, совладувајќи ја на гостински терен селекцијата на Австрија со 91:59.
Со 12 поени и 9 скака голем допринос во победата имаше и новопечениот македонски репрезентативец Мозес Рајт, кој беше задоволен од прикажаното но истакна дека можеме уште подобро.
„Секогаш е убаво да се победи. Имавме и доста загубени топки, можам да набројам уште неколку работи кои треба да ги поправиме, но генерално сум задоволен бидејќи ја завршивме работата за која дојдовме овде.Среќен сум и поради атмосферата во екипата. Одигравме добар натпревар и заслужено победивме“,
Во ноемврискиот ФИБА-прозорец, Македонија ќе го пречека Кипар во Скопје, а Рајт очекува да биде прв избор меѓу натурализираните играчи и на тој натпревар.
„Ни претстои натпревар против Кипар во Скопје во ноември. Можеби ќе биде тежок натпревар на физички план, но подготвени сме за тоа, бидејќи знаеме како да играме. Јас лично сум одиграл голем број натпревари од таков тип.Очекувам да бидам дел од репрезентацијата и на тој натпревар“– заврши Рајт

