МИЛЕНКОСКИ: УКРАИНА Е ТОП 10 ВО СВЕТОТ, НИЕ ЌЕ ПРОБАМЕ ДА ЈА ИГРАМЕ НАШАТА ИГРА
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ доживеа шокантна елиминација уште во првото коло на УС Опен. Кобен за Новак беше Аргентинецот Маријано Навоне кој во пет сета со 7-6, 5-7, 4-6, 6-2, 6-1 славеше победа.
Тешко беше да се гледа Новак во текот на целиот меч затоа што се мачеше со многу проблеми. Неколку пати повраќаше покрај теренот, се жалеше на болки, а користеше и медицинска пауза. Ваквите проблеми беа преголеми за да успее да се справи и затоа претрпе елиминација.
Навоне го искористи падот на Ѓоковиќ, го доби четвртиот сет со 6-2, а потоа само рутински со 6-1 ја заврши работата за најголема победа во кариерата.
Ова е прв пат после две децении Новак да испадне во првото коло, а истото му падна многу тешко па е можеше да ги задджи солзите.

