МИЛЕНКОСКИ: УКРАИНА Е ТОП 10 ВО СВЕТОТ, НИЕ ЌЕ ПРОБАМЕ ДА ЈА ИГРАМЕ НАШАТА ИГРА
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) излезе со официјална анализа на спорната ситуација од натпреварот меѓу Тиквеш и Вардар во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Во 25. минута, фудбалерот на Тиквеш со број 22 го удри противничкиот играч со лакт во пределот на главата, по што следуваше ВАР интервенција и директен црвен картон.
Од ФФМ посочија дека одлуката била целосно исправна и дека станува збор за прекршок кој ги исполнува критериумите за директен црвен картон, односно сериозно недозволено однесување кое се граничи со насилничко однесување.
Федерацијата потенцира дека и интервенцијата на ВАР била целосно оправдана и во согласност со утврдените критериуми.
Посебно внимание привлече и острата порака на ФФМ до ТВ-коментаторот, кој во текот на преносот повеќепати тврдеше дека немало прекршок за црвен картон.
„Доколку има потреба, со задоволство ќе му ги објасниме Правилата на фудбалската игра и судиските критериуми, за во иднина јавноста да добива стручна анализа, а не мислење засновано на непознавање на правилата“, порачаа од ФФМ.
Моментот на црвениот картон може да го видите тука

