Vinkmag ad

ИЗНЕНАДУВАЊЕ ОД РК ВАРДАР: ГОГОВ ЈА ПРЕВЗЕМА КАПИТЕНСКАТА ЛЕНТА, МАЛУС ЗАМЕНИК-КАПИТЕН

Македонскиот ракометен шампион, РК Вардар 1961, со нов капитен влегува во новата сезона – и тоа голманот Васил Гогов. Негов заминик ќе биде првата ѕвезда на тимот, Јака Малус. Гогов е долгогодишен член на РК Вардар и играч кој ужива голема поддршка од навивачите.
Од другата страна пак Малус е вистински лидер и предводник на теренот и прва виолина на црвено-црните.

Гогов и Малус доаѓаат на местото на Милан Лазаревски кој минатата сезона ја носеше капитенската лента и Гоце Георгиевски кој ја имаше улогата на заменик-капитен.

Од таборот на Вардар им посакаа среќа во новата улога:

РК Вардар во новата сезона ќе има нов капитен – голманот Васил Гогов.
Играч кој долго време е верен на клубот, кој растеше со Вардар, се бореше за овој дрес и секогаш беше дел од црвено-црната приказна, сега добива нова и одговорна улога – да биде лидер на тимот на теренот и надвор од него.
Капитенската лента е чест, но и обврска. Таа носи одговорност, карактер и пример за сите во соблекувалната. Веруваме дека Васил со својата посветеност, работа и љубов кон клубот ќе ја носи достоинствено.
Негов заменик-капитен во новата сезона ќе биде Јака Малус, еден од најискусните играчи во тимот и важен дел од играта на РК Вардар.
Нова сезона. Нови предизвици. –
Со среќа, капитени! – стои во обајвата на Вардар

Читај Претходна

(ВИДЕО) ПРВОТО ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА НА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ – ТАРАНТО 2026

Читај Следна

КОМИТИ ЌЕ ГО БОЈКОТИРААТ ФК ВАРДАР⁉️