МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
На натпреварите од типот „да се биде или не“ секогаш се оди со една јасна цел – ДА СЕ ПОБЕДАТ.
Македонија вечерва мора да ја совлада Португалија доколку сака да остане во игра за пласман во главната рунда и да не го заврши настапот на Европското првенство уште по второто коло. Простор за грешки речиси и да нема.
Португалија е квалитетна и организирана селекција, предводена од браќата Мартим и Франциско Кошта, но ова е меч во кој Македонија треба да покаже зрелост и напредок. Да покаже дека знае да игра под притисок и дека може рамноправно да се носи со силни противници.
За позитивен резултат ќе биде потребна концентрација, борбеност и верба во сопствените можности. Македонија најдобро изгледа кога игра одлучно, со јасна идеја и без непотребен респект кон противникот.
Вечерва е вистинскиот момент да се потврди дека овој тим има капацитет да направи чекор напред, да го покаже целиот свој ракометен талент, потенцијал, ракометарите да ја покажат целата своја љубов кон репрезентативниот дрес. Да се „фрлаат на глава“ за секоја топка. Да одиграат со емоција и со многу енергија. Впрочем, така Македонија ги бележела најголемите спортски успеси.
Македонија има ракометен потенцијал. Нека биде денеска денот, кога тој потенцијал целосно ќе исплива на површина.
За кого? ЗА МАКЕДОНИЈА

