Vinkmag ad

АЛКАЛОИД ГО НАПОЛНИ ГОЛОТ НА ЛОВЌЕН – МОМЦИТЕ НА ЛАЗАРОВ ПОСТИГНАА 55 ПОГОДОЦИ

Прва победа во Регионалнага Лига запиша тимот на Алкалоид. Избраниците на Кирил Лазаров денес со камата и наплатија на Ловќен за поразот од Партизан и во салата во Автокоманда буквално го наполнија голот на противникот. (55:37)

Лазаров и даде шанса на сите играчи па и листата стрелци е долга.

Најдобар беше Урош Борзаш со осум постигнати голови, а седум постигнаа Цехте, Петковски и Емилјан Ѓорговски

Голови постигнаа и: Стојковиќ 6, Никола Костески 5, Николов 4, М. Митев 4, Тордарсон 3, Џонов 2, Ѓоргиев 1, aво листата стрелци се запиша и голманот Николовски 1.

Ловќен и Алкалоид за три дена повторно ќе играат, во Црна Гора.

 

Читај Претходна

ФФМ: КАТАСТРОФАЛНИ ГРЕШКИ НА ВАР СУДИИТЕ – ЌЕ СЛЕДАТ КАЗНИ

Читај Следна

ГРК ОХРИД JA ПРОДОЛЖИ ПОБЕДНИЧКАТА СЕРИЈА