МИЛЕНКОСКИ: УКРАИНА Е ТОП 10 ВО СВЕТОТ, НИЕ ЌЕ ПРОБАМЕ ДА ЈА ИГРАМЕ НАШАТА ИГРА
Македонскиот напаѓач почна да се пронаоѓа во Белгија. Македонецот реализираше со фантастичен скок со глава надуелот против Мехелен. Ова е неговиот четврти погодок на 10 натпревари оваа сезона.
Дендер игра очајна сезона и се наоѓа на последната позиција, па го чека борба за опстанок. Токму Давид Тошевски е надеж за навивачите дека ќе го реши проблемот со неефикасноста.
Тошевски несомнено има голем играчки потенцијал и, доколку биде здрав, ќе биде од голема корист и за репрезентацијата.
Време е големиот потенцијал да блесне во својот сјај!

