Vinkmag ad

БАРДИ И КОЊАСПОР ПОДОБРИ ОД ЧУРЛИНОВ И КОЧАЕЛИСПОР ВО ТУРСКИОТ ШАМПИОНАТ

Во дуелот на Македонските репрезентативци во турскиот шампионат, Енис Барди и Дарко Чурлинов, Коњаспорт против Кочаелиспор, поуспешен беше капитенот Барди и неговиот тим кои приредија вистинско изненадување и со пресврт дојдоа до важна победа (1:2)

Кочаелиспор имаше се во своите раце се до 86 минута кога беа во водство со 1:0, откако претходно во 59 минута Дурсун донесе предност. Но работите се сменија во само неколку минута. Најприв Крамер во 86. минута донесе изедначување за Коњаспор а целосниот пресврт го режираше Мулека со гол од пенал во 94 минута.

Дарко Чурлов беше стартер во тимот на Кочаелиспор и играше 78 минути, кога тој го напушти теренот неговиот тим имаше предност. Енис Барди натрпеварот го почна на клупата за резерви, а шанса доби во 65 мимнута и беше дел од тимот кој режираше пресврт.

Кочаелиспор е седми на табелата со 33 бода, додека Коњаспор е на 12 позиција со 27 бода и сега се оддалечи на шест бода од зоната за испаѓање.

Читај Претходна

НОВ РЕКОРД НА НЕВЕРОЈАТНИОТ ДУПЛАНТИС (ВИДЕО)

Читај Следна

(ВИДЕО) ВАРДАР СО МНОГУ СРЕЌА ДОЈДЕ ДО ПОБЕДА – НО ПЕНАЛОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА