МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Македонскиот атлетичар на долги патеки Дарио Ивановски оствари одличен резултат на маратонот во Севиља, кој се одржа утринава.
Тој ја истрча патеката долга 42,195 километри за време од 2:12:23 часа, што претставува негов трет најдобар резултат во кариерата.
Во генералниот пласман Ивановски го освои 38. место, со нешто повеќе од осум минути заостанување зад победникот, Шура Китата Тола од Етиопија.
Со овој резултат, Ивановски обезбеди учество на Европското првенство во Бирмингем, кое ќе се одржи во август годинава.

