(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Генерацијата предводена од Филип Кузмановски неколку години игра заедно со постојано подмладување, генерација која доби тешка задача да ја наследи најуспешната генерација во Македонскиот ракомет. Уште од самите почетоци многу сомнежи, неуспеси, недоверба но генерацијата полека растеше. Минатата година во Вараждин покажа дека полека почнува да се гледа светло на крајот на тунелот, а против Португалија тоа светло стана уште појасно. Оваа генерација созрева и се наоѓа пред натпервар кој може да ги стави на брзата ракометна лента.
Ова е ден, во кој се создаваат шампиони, се пишува убава приказна која може да одбележи кариера, може да биде отскочна даска за многу поединци но најмногу може да биде ветер во грб за уште подобри резултати во годините кои доаѓаат, затоа што потенцијал има и во тоа сме сигурни.
Момци, позитивните работи ќе важат и ако резултатите не бидат онакви какви што сакате вие, а со вас и цела македонска јавност, но знаеме дека можат да бидат.
Знаеме дека има талент, тактичка и играчка спремност и македонски инает за да се оствари тешко остварливото!
ОВА МОЖЕ ДА БИДЕ ПРВА МИНУТА ОД МНОГУ УСПЕШНИ ГОДИНИ!!
ВЕРУВАМЕ!!!

