ЈАНИК СИНЕР Е ПОБЕДНИК НА МАСТЕРСОТ ВО МОНТЕ КАРЛО И ОД УТРЕ Е ПРВ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ!!
Вечерва од 19:30 со директен пренос на МРТ 3 во Автокоманда се игра дербито од Македонската ракометна Супер Лига. Алкалоид и Вардар ќе ги одмерат силите во еден од најважните натпревари, пред стартот на ракометниот плеј-оф.
Вардар славеше на првото сезонско соочување против Алкалоид со 34-28, па избраниците на Кирил Лазаров ќе имаат голем мотив, да се реваншираат за тој пораз. Во моментов Вардарци се лидери на табелата со 20 победи и 1 пораз, додека Алкалоид има 16 победи, 3 нерешени средби и 2 порази. „Сино-белите“ сезонава освен од Вардар, забележаа пораз и од Охрид.
Покрај дербито Алкалоид-Вардар, важен меч во битката за плеј-оф ќе одиграат и Бутел-Тиквеш (18 часот), а од 16 часот, Еурофарм Пелистер 2, ќе ја пречека Струга.

