Vinkmag ad

ФФМ: ЈА ПОВЛЕКУВАМЕ ПОДДРШКАТА ЗА ИНФАНТИНО

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на ФИФА за периодот 2027–2031 година.

За одлуката, ФФМ испрати и официјално писмено известување.

Одлуката е донесена по внимателно разгледување на неодамнешните случувања и начинот на кој се води ФИФА, особено во делот на доброто управување, институционалниот интегритет и транспарентноста во односите со националните федерации.

ФФМ смета дека довербата, отчетноста и отворениот дијалог мора да бидат темел на управувањето со светскиот фудбал. Најдобрите интереси на фудбалот и неговиот развој, секогаш мора да бидат на прво место.

Како членка на УЕФА, ФФМ останува цврсто посветена на заедничките принципи и вредности на европскиот фудбал и ќе продолжи да стои заедно со сите национални федерации кои се залагаат за заштита, развој и унапредување на фудбалот.

Остануваме посветени на соработката со сите свои меѓународни партнери, со единствена цел, заштита и унапредување на интересите на фудбалот.

Читај Претходна

(ВИДЕО) БИТОЛА ГО ПОЗДРАВИ ЛИНО ЧЕРВАР – ПЕЛИСТЕРЦИ ОДИГРАА БРАТСКИ НАТПРЕВАР

Читај Следна

КАТАСТРОФА, УЖАС, ДЕБАКЛ – ЕДНО ОД НАЈСЛАБИТЕ ЛЕТА ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА МЛАДИНСКА КОШАРКА!