Салата Боро Чурлевски во Битола ги поздрави првиот и вториот тим на Еурофарм Пелистер за следната сезона. Во братска атмосфера, во пријателски натпревар избраниците на Лино Червар славеа над Е.Пелистер 2 со убедливи 39-17.
Ова беше шанса публиката во Битола да го поздрави новиот тренер на тимот, легендарниот Лино Червар. Атмосферата во Битола е позитивна што резултираше со прилично испонети трибини на пријателски натпревар, а очекувањата од новиот тренер се високи.
Атмосферата од натпреварот во видеото на официјалната страна на Пелистер

