Младото момче Исак (Isaac Kearney), кое стана интернет-сензација со пеење на навивачките химни на Ливерпул и неодамна се дружеше со сите играчи на Ливерпул, тешко го прифати заминувањето на Мо Салах од клубот. Во тажна објава на социјалните мрежи истакна дека никогаш нема да го заборави и ќе навива за него безразлика што повеќе нема да биде дел од Ливерпул, со надеж дека поторно ќе се видат.
Турскиот клуб, Трабзонспор, мотивиран од објавата, приреди вистинско изненадување за него и неговото семејство, па ги однесе во Труција на тренинг на клубот.
Така Исак и Мо Салах повторно беа заедно, а клубот му подари и потпишан дрес и ракавици од Андре Онана.

