(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Ракометната репрезентација на Македонија ја заокружува завршната етапа од подготовките за Европското првенство, кое стартува на 16 јануари, а клучна проверка на формата ќе претставува настапот на силниот меѓународен турнир во Швајцарија.
Пред заминувањето, своите очекувања од настапот на Македонија на ЕП, ги сподели Иван Џонов.
„Првиот дел од подготовките мина добро, а сега влегуваме во подетална анализа на противниците. Со тек на времето ќе бидеме сè поподготвени за предизвиците кои не очекуваат на ЕП. Турнирот во Швајцарија е најважен за нас во овие подготовки. Сè она што го трениравме треба да го вметнеме во нашата игра. Ќе ни биде реална слика до каде сме и колку ќе функционира, дали и каде ќе грешиме. И по тој турнир имаме неколку денови на кои можеме да се поправиме ако биде потребно. Според мене тоа е најважниот турнир. Нормално е дека сите сакаме да минеме во втората фаза на Европското првенство. Противниците се екстра-квалитетни. Не треба да трошиме зборови за Данска, а и Португалија е многу квалитетна и во последните години завршува меѓу најдобрите на турнирите. Романија е исто така селекција која што не смее да се потцени. Можам да ветам дека ние ќе се бориме на секој натпревар, да бидеме најдобрата верзија од себеси за да ја претставиме Македонија во најдобро можно светло“, рече Џонов.

