Vinkmag ad

ДИМИТРИЈЕВИЌ: ПЕШИЌ МИ ДОЗВОЛУВА ДА БИДАМ СВОЈ

Ненад Димитријевиќ дебитираше за Баерн Минхен со победа во Евролигата на дуел против Басконија. Македонецот за 17 минути поминати на паркетот имаше 8 поени, 4 асистенци и 3 скокови, а по натпреварот истакна дека немал многу време за адаптација во својот нов клуб.

„Минатата година бев тука како противник, но сега се чувствувам подобро бидејќи навивачите ми беа наклонети. Се радувам на она што следува и среќен сум поради победата. Мислам дека игравме поагресивно во второто полувреме, подобро ги контролиравме нивните офанзивни скокови, а кога имате шутер како Анди (Обст, н.з.), тешко е да ве победат. Со Анди, сигурен сум дека ќе има уште многу асистенции оваа сезона. Само сакав да му помогнам на тимот, да внесам малку енергија, се надевам дека ќе биде уште подобро. Тренерот Пешиќ ми дозволува да бидам свој. Имав само еден тренинг со тимот, нов сум, морам брзо да научам некои работи“, рече Димитријевиќ во својата изјава по натпреварот.

 

Денеска екипата на Баерн патува во Грција каде утре ќе му гостува на Олимпијакос во 21. коло од Евролигата.

Читај Претходна

ОДЛИЧНО ДЕБИ НА ДИМИТРИЈЕВИЌ ЗА БАЕРН (ВИДЕО)

Читај Следна

ПЕШЕВСКИ: БАХРЕИН Е РЕПРЕЗЕНАЦИЈА ЗА ПОЧИТ (ВИДЕО)