Vinkmag ad

ДУЕЛОТ СО РОМАНИЈА Е МНОГУ ВАЖЕН – ПОБЕДАТА ЌЕ ИМА ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ

Ракометната репрезентација на Македонија утре од 18 часот, во салата „Јиске Банк Боксен“ во Хернинг, го игра најважниот натпревар на Европското првенство. Противник е Романија, а „црвено-жолтите“ за првпат на овој шампионат ќе влезат во еден дуел со епитет фаворит.

Македонската селекција сѐ уште е во игра за пласман во главната рунда. За тоа ќе ни биде потребна убедлива победа против Романија, со што би обезбедиле што подобра гол-разлика, во пресрет на натпреварот меѓу Данска и Португалија. На тој дуел, надежите на Македонија се насочени кон висока победа на домаќинот.

Победата против Романија носи уште една значајна придобивка за македонскиот ракомет. Дури и во случај да не се избори пласман во главната рунда, Македонија би завршила меѓу ТОП 16 селекциите на шампионатот, што значи дека во квалификациите за Светското првенство во Германија ќе игра само еден бараж, при што ќе биде носител.

Избраниците на Кирил Лазаров досега покажаа дека поседуваат ракометен квалитет, карактер и спортска дрскост. Романија утре во Хернинг мора да биде совладана.

Читај Претходна

ДЕН ПОТОА: ЈУНАЧКОТО РАКОМЕТНО СРЦЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ

Читај Следна

РАСТОДЕР ГАЗИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: ГОЛ И ДВЕ АСИСТЕНЦИИ