(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Ракометната репрезентација на Македонија ремизираше со Швајцарија (29-29) во последниот натпревар од „Жолтиот Куп“. Ова реми ѝ го донесе второто место на турнирот, додека пехарот ќе му припадне на домаќинот поради подобрата гол-разлика.
Иако нашата селекција можеше да слави победа, на крајот се спасувавме од пораз, а најзаслужен за нерешениот исход е Марко Митев, кој одлично реализираше во нашиот последен напад.
Македонија речиси целиот натпревар беше во негатива. Слично како и вчера против Украина, одигравме бледо прво полувреме, но одличното второ полувреме, во кое игравме многу подобра одбрана и покреативно во нападот, нè донесе во егал.
За забележување е фантастичната поддршка од трибините за македонските ракометари. Македонците во Швајцарија не ги штедеа своите грла и даваа безрезервна поддршка на избраниците на Кирил Лазаров.
По овој натпревар, националниот тим се упатува кон Хернинг, каде што нè очекува Данска на премиерата на ЕП (15 јануари).

