(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Далибор Додер, поранешен шведски репрезентативец со балканско потекло, во опширно интервју за „Мондо“ зборуваше за различни сегменти од својата кариера, но и за актуелната состојба во светскиот ракомет.
Освојувачот на олимписки медал со Шведска на ЛОИ 2012 во Лондон, кој има над 150 настапи за националниот тим, смета дека денешниот ракомет не го нуди највисокото можно ниво како во минатото. Во својата анализа тој ги спомена и најголемите имиња од претходната ера, меѓу кои и македонската легенда Кирил Лазаров.
„Денес го немаш Кирил Лазаров, го немаш Карабатиќ, го немаш Балиќ. Го имаш Гидсел, но тоа не е истото. Тогаш репрезентациите беа полни со врвни играчи. И денес има квалитет, но секогаш ќе се зборува дека порано било подобро. Така било и со нашите родители, така ќе биде и со нашите деца. Порано немаше мобилни телефони, немаше игри – цело време бевме надвор и игравме“, изјави Додер.
Иако има 46 години, Додер сè уште е активен во ракометот и моментално настапува во Лос Анџелес, каде што ја продолжува својата играчка кариера.

