Vinkmag ad

ГОЛ – УБАВЕЦ НА АНТОАН ГРИЗМАН (ВИДЕО)

Навивачите на Депортиво Ла Коруња посакаа да го гледаат тимот против водечките шпански екипи, а вечерва ги наполнија трибините на натпреварот од осминафиналето на шпанскиот Куп на Кралот против мадридскиот Атлетико.

Изненадување сепак немаше, а гостите од Мадрид триумфираа со резултат 0:1 и обезбедија пласман во четвртфиналето.

Првата голема шанса за водство Атлетико ја имаше во 15. минута, кога Рудери шутираше од левиот агол кон спротивниот, но дирекот го спаси домаќинот.

Депортиво закани во 32. минута преку Закарија кој шутираше со глава, но голманот Мусо добро интервенираше.

Во продолжението, Атлетико поведе во 60. минута. Гостите издејствуваа слободен удар од околу 18 метри, благо десно, а мајсторски го изведе Антоан Гризман, шутирајќи со левата нога, ја прескокна живата ѕид и ја испрати топката во левиот агол на голманот Парен – 0:1.

До крајот „јорганџиите“ без поголеми проблеми го сочуваа водството и се пласираа во четвртфиналето.

Вечерва се играат уште два натпревари од осминафиналето (Сосиедад – Осасуна и Културал Леонеса – Билбао), каде дополнителни минути, а можеби и пенали, ќе одлучуваат за пласманот во четвртфиналето.

Читај Претходна

ОХРИД ГО ДЕКЛАСИРАШЕ ВРБАС НА ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР

Читај Следна

МАРСЕЈ СЛАВЕШЕ 9-0 ПРОТИВ РАБОТНИЦИ ВО ФАБРИКА, ПА ИМ ПРИРЕДИ ШПАЛИР (ФОТО)