Македонија има уште еден млад фудбалски бисер на кој му се предвидува сериозна иднина!
Даријан Денковски, еден од најталентираните македонски фудбалери од генерацијата 2009, веќе еден месец е во кампот на ИМТ Нови Београд, а српскиот клуб веќе има јасен план за неговата иднина.
По полнолетството, Денковски сигурно ќе добие нов договор од ИМТ, а потписот се очекува во периодот од 6 до 11 февруари 2027 година.
Станува збор за У17 репрезентативец на Македонија, кој досега ги има поминато сите младински репрезентативни селекции и со години важи за еден од позначајните таленти во својата генерација.

Неговиот фудбалски пат започнува во Куманово, а потоа продолжува преку школата на Гроздановски и селекциите на ФФМ, каде две години е дел од генерацијата предводена од Драган Начевски. Во својот развој Денковски ги носеше и дресовите на Вардар, Македонија Ѓорче Петров и Слога Виница, каде уште како млад фудбалер доби можност да настапува и во сениорска конкуренција во Втората лига.

Сега следува ново и значајно поглавје – ИМТ Нови Београд, клуб кој ја препозна неговата вредност и веќе смета на Македонецот во своите идни планови.

