МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Лина Ѓорческа продолжува со одличните настапи на турнирот во Порто, откако оствари сигурна победа над Гркинката Деспина Папамиахил со 2-0 во сетови (7-6(1), 6-3).
Првиот сет донесе голема борба и многу неизвесност. Ѓорческа двапати прва стигнуваше до брејк, но Папамиахил успеваше брзо да возврати со ри-брејк, па одлуката падна во тај-брејкот. Таму Лина одигра речиси перфектно, доминираше од почеток до крај и ѝ дозволи само еден поен на противничката.
Во вториот сет македонската тенисерка ја презеде целосната контрола, трипати го одзеде сервисот на Папамиахил и рутински го приведе сетот кон крај со 6-3, обезбедувајќи пласман во полуфиналето.
Ова е трета победа на Ѓорческа во меѓусебните дуели со Папамиахил, како показател дека тенисерката од Грција го нема решението за одличната Лина. Во полуфиналето Ѓорческа ќе се соочи со Американката Фиона Кроули, а победа на тој дуел многу веројатно ќе и го донесе најдобриот ВТА пласман во кариерата.

