Vinkmag ad

ГРЧКИ КИКБОКСЕР ФИЗИЧКИ НАПАДНАТ ПО МЕЧ ВО НОВИ ПАЗАР, ЧЕТИРИ ЛЦИА УАПСЕНИ

Четири лица се уапсени поради сомневање дека физички нападнале грчки натпреварувач и членови на неговиот тим по кик-бокс меч во српскиот град Нови Пазар.

Приведените се на возраст од 28 до 52 години, а српската полиција издаде и потерница по уште четири лица на возраст од 28 до 33 години, кои сè уште се во бегство.

„Идентификацијата на останатите учесници е во тек, а јавноста ќе биде навремено известена“, соопшти Обвинителството во Нови Пазар.

Според информациите од српските медиуми, инцидентот се случил во неделата навечер, кога голема група луѓе нападнала грчки кикбоксер и неговиот тим откако тој победил против локален натпреварувач од Нови Пазар.

Читај Претходна

ПОЗНАТ РАСПОРЕДОТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ОДБОЈКАРИ ВО ЕВРОПСКАТА ЛИГА

Читај Следна

МЕГРЕГОР: НЕКА ПОЧЕКААТ БОРБИТЕ СО ЈУТЈУБЕРИТЕ – СЕ ВРАЌАМ ЗА ТИТУЛА