Vinkmag ad

КАДЕТИТЕ ЈА РАСТУРИЈА ГРУЗИЈА, СИМОНОВСКИ ДАДЕ ПОВЕЌЕ ГОЛОВИ ОД ЦЕЛИОТ НИВЕН ТИМ

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија по убедливата победа против Бугарија (33-18), денеска ја растури Грузија (46-13) во рамки на второто коло на Светското училишно ракометно првенство кое се одржува во Скопје.

Разликата во класи беше евидентна во текот на целиот натпревар, а интересно, левото крило Тома Симоновски даде 16 голови, 3 повеќе од целиот тим на Грузија.

Втор стрелец во тимот беше Андреј Георгиев, а следен предизвик за младите ракометари е утрешниот дуел против Република Српска од 10:30.

Читај Претходна

КУЗМАНОСКИ: МОРА ДА БИДЕМЕ КОНКРЕТНИ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ МЕЧ

Читај Следна

ИГОР СТОЈЧЕВСКИ ДЕЛ ОД УЕФА ПРОГРАМАТА ЗА ТАЛЕНТИ И МЕНТОРСТВО 2026/27