Vinkmag ad

КЛУПСКАТА ЛЕГЕНДА ГО ПРЕЗЕМА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Мајкл Керик официјално ја презеде клупата на Манчестер јунајтед до крајот на тековната сезона, потврди англискиот гигант.

Керик го презема кормилото на потонатиот брод од Олд Трафорд, пополнувајќи ја празнината создадена со заминувањето на Рубен Аморим. Поранешниот фудбалер од средниот ред го замени Дарен Флечер, кој привремено беше задолжен за првиот тим и не направи значаен исчекор. Затоа, Керик ќе ја добие улогата на „пожарникар“ за да ги реши бројните проблеми.

Управата на Јунајтед, предводена од Омар Берад и Џејсон Вилкокс, разгледуваше кандидати меѓу поранешните играчи на клубот, Керик и Оле Гунар Солскјер, за позицијата привремен тренер. И покрај големата популарност на Солскјер на Олд Трафорд, изборот падна на Керик.

Читај Претходна

НИКОЛА ТОПИЌ ЕКСПРЕСНО ГО ПОБЕДИ РАКОТ – ОФИЦИЈАЛНО СЕ ВРАЌА НА НБА ПАРКЕТОТ

Читај Следна

ГИДСЕЛ: МАКЕДОНЦИТЕ ФИЗИЧКИ СЕ МНОГУ СИЛНИ И НЕЗГОДЕН ПРОТИВНИК, НИЕ ОДИМЕ НА ПОБЕДА